Лапорт најави заминување од Манчестер Сити

Емерик Лапорт дефинитивно сака да си замине од редовите на Манчестер Сити. 27-годишниот дефанзивец кој има договор за уште четири сезони, главно седи на клупата за резерви откако Џон Стоунс и Рубен Диас се зациментираа во првата постава.

Емерик сака да се врати во Шпанија бидејќи за неговите услуги се заинтересирани: Барселона, Реал и Атлетико Мадрид.

Наводно, Лапорт влегува и во радарот на Јувентус, но, неговата висока плата од 160.000 фунти, претставува голем проблем за „старата дама“.