Претседателот на Фиорентина го обвини Јуве дека го „украл“ Киеза
Роко Комисо изјави дека Јувентус го „украл“ Федерико Киеза од Фиорентина.
Минатото лето Киеза ја напушти Фиорентина и се пресели во Јувентус, каде одигра одлична сезона.
„Јувентус ни го украде Киеза така што му даде многу пари. Помеѓу нас и Јуве има разлика, колку поголеми приходи имаш, толку повеќе пари може да трошиш. Тие се фаворити секоја година, бидејќи даваат 300 милиони евра за плати“, изјави Комисо.
Јувентус го донесе Киеза на двегодишна позајмица со задолжителен откуп за 50 милиони евра.