Поранешен фудбалер на Јунајтед осомничен за кражба во Бразил
Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Андерсон се наоѓа под истрага поради перење пари.
Според информациите, Андерсон е еден од осуммина кои јавното обвинителство ги доведе во врска со пренаменување на 5,5 милиони евра од државната берза и перење пари низ криптовалути.
Освен наведеното, тие се под истрага и поради кражба и припаѓање на криминална организација. Станот на Андерсон веќе беше под истрага.
Поранешниот фудбалер со криптовалути се занимава во последните две години, а за медиумите потврди дека неговата компанија продаде биткоин на компанија која е под истрага, тврдејќи дека не знаел дека тие пари стигнале од нелегални извори.