Дембеле ќе си ја намали платата и ќе остане во Барса
Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле се согласил на намалување на платата, објави „Мундо Депортиво“.
Според шпанскиот весник, 24-годишниот Французин финансиските загуби ќе може да ги надомести со бонуси за постигнување одредени цели. Договорот се планира да биде потпишан на три години со можност за продолжување за уште една.
Претходно беше објавено дека Дембеле сака да го обнови договорот со Барселона и бара од својот агент да го забрза потписот. Важечкиот договор на фудбалер со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година.
Вчера, Дембеле првпат се појави на теренот во сезоната 2021/22 по повреда. Тој влезе како резерва на натпреварот од Лигата на шампионите со Динамо Киев (1-0).