Жозе Мурињо повторно лут на судиите
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо уште еднаш им се налути на судиите после разочарувачкиот нерешен резултат од 2:2 против Бодо Глимт во Лигата на конференции.
Мурињо упати остри критики и кон своите играчи, но според него главни виновници за овој резултат се судиите кои не досудија два пенали за Рома.
„Мислам дека овој резултат не е фер. Не прикажавме многу добра игра, направивме многу технички грешки, особено во првото полувреме кога одбраната не реагираше како што е потребно. На крајот резултатот е 2:2, но според мене имаше два чисти пенали во наша корист кои беа чисти како солза.
Можеме да зборуваме што сакаме, но на крајот резултатот е тој, тие имаа два шута и постигнаа два гола, додека ние дадовме два меѓутоа ни беа ускратени и два чисти пенали. Не знам која е причината што се делегираат млади и неискусни судии кои уште не се докажани во својата работа.
Во Норвешка не кажав ништо за судиите бидејќи загубивме со 1:6, но денеска двата пенали беа апсолутно чисти“, изјави Мурињо после натпреварот на „Олимпико“.