Гвардиола: Незнам како ќе го сопрам Меси

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампиони, изрази загриженост за тоа како неговиот тим ќе го сопре Лионел Меси.

„Како ќе го запреме Меси? Многу тешко. Не можам да им кажам на моите играчи како да го спречат бидејќи е многу непредвидлив со топката. Мило ми е што продолжува да игра на тој начин. Ќе ми биде чест повторно да се соочиме на теренот“, изјави Гвардиола, кој беше тренер на Лионел Меси додека аргентинецот настапуваше за екипата на Барселона.

На Манчестер Сити му е доволен еден бод за да се квалификува  во наредната фаза на ЛШ, а со евентуална победа тимот на Гвардиола ќе биде победник во групата А.