Лион го купува Азмун од Зенит

Екипата на Лион е се поблиску до доведување во своите редови на Сердар Азмун од Зенит.

Иранскиот напаѓач веќе ги договорил приватните услови со тимот од Франција и се очекува во јануари тој да пристигне во Лион за 3 милиони евра и да потпише договор на 4 години.

Азмун е во последната година од договорот со Зенит и доколку не замине оваа зима, Русите нема да заработат ниту евро бидејќи на лето може да замине како слободен играч.

Од стартот на сезоната во руската лига, Сердар Азмун постигна 7 гола на 15 натпревари.