Челзи ќе го позајми Пулишиќ во Барселона?
Кристијан Пулишиќ е задоволен од интересот на Барселона и нема ништо против да го напушти Челзи, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.
Каталонците бараат засилување во нападот откако Лионел Меси замина во Пари Сен Жермен, а Серхио Агуеро најверојатно ќе ја заврши кариерата поради здравствени проблеми. 23-годишниот Пулишиќ е една од главните цели на Барселона во следниот преоден рок и можен е негов трансфер на „Камп Ноу“, бидејќи повеќе е резерва во Челзи.
Пулишиќ во последните недели се поврзуваше и со преселба во тимот на Ливерпул, кој ќе бара привремени замени за Мохамед Салах и Садио Мане кои ќе учествуваат на Африканскиот куп на нации.