Милан ја засилува одбраната со Миленковиќ од Фиорентина
Фудбалскиот клуб Милан планира да ја засили одбраната на екипата која е ослабена поради отсуството на Симон Кјаер кој поради повреда на лигаментите од коленото беше опериран и нема да игра до крајот на сезоната.
Информациите од Милано велат дека прв избор на тренерот Пиоли е Србинот Никола Миленковиќ од Фиорентина.
Иако неговиот актуелен договор со „виолетовите“ е со важност до 2023 година, преговорите за негов трансфер се во тек и се очекува тој да пристигне на „Сан Сиро“ во јануари.