Клоп: Ќе се снајдеме со отсуството на Салах и Мане
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е убеден дека ќе пронајде решение во тимот во врска со најавеното отсуство на неколку свои играчи кои ќе настапат на Африканскиот куп на нации.
Турнирот се одржува од 9 јануари до 6 февруари и на него ќе настапат Мохамед Салах кој е репрезентативец на Египет, Садио Мане настапува за Сенегал и Наби Кеита за Гвинеја.
Салах оваа сезона има постигнато 21 гол за Ливерпул во сите натпреварувања, и неговото отсуство ќе се осети најмногу.
“Одамна знам дека тројцата ќе играат на турнирот и најмалку двајца ќе имаат шанса да останат таму подолго. Имаме други опции во екипата од кои сум задоволен но секако дека не ни е сеедно. Не може да имаме целосно еднакви замени за Садио, Мо и Наби. Ќе биде тешко но се надевам дека ќе се снајдеме“, изјавува Клоп.