Влаховиќ: Сакам да ја одведам Фиорентина во евро-куповите

Душан Влаховиќ проговори за својата иднина. По сите шпекулации за тоа каде ќе замине на крајот на сезоната Влаховиќ вели:

„Сега сум фокусиран на нови цели, но никогаш не кажувај никогаш. Веќе неколку пати одговорив на ова прашање. Добра фудбалска приказна е напишана и овде во Фиорентина. Имаме добар тим, одлични играчи, навивачите одлично не поддржуваат. Сето ова заслужува почит. Само Господ знае што ќе биде следно. Мојата желба е да ја однесам Фиорентина во некое европското натпреварување, бидејќи таму не сме играле долго време. Не знам што ќе се случи следно. Ќе видиме“, вели Влаховиќ.

Актуелниот договор на 21-годишниот напаѓач истекува во летото 2023 година.