Лукаку: Се извинувам поради проблемите кои ги направив
Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, упати официјално извинување поради својата изјава во која кажа дека направил грешка со своето заминување од Интер во Челзи и дека не е среќен во клубот од Лондон.
Центарфорот на екипата своето извинување кон навивачите го испрати преку клупската телевизија.
„Жал ми е за проблемите кои ги направив. Сите знаете дека во овој клуб пристигнав уште како тинејџер и поради тоа целата ситуација е уште потешка. Ќе сторам се како на тренинзите така и на теренот за да покажам колку сум посветен на Челзи“, ијави Лукаку.
„Му должам посебно извинување на тренерот Тухел, управата како и на моите соиграчи. Посакувам се ова што побрзо да се заборави и да се фокусираме на победите“.