Алегри: Мората сигурно ќе остане во Јуве
Алваро Мората е голема желба на Барселона и се шпекулираше дека Шпанецот може да се пресели на „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок.
Меѓутоа, тренерот на Јувентус, Макс Алегри денес потврди дека Мората сигурно останува во Торино до крајот на сезоната.
„Јас и директорот на клубот се сретнавме со Алваро Мората и му ја соопштивме одлуката – тој не е за продажба. Алваро е под договор со нас, ние не планираме да се разделиме и нема сомнеж дека тој ќе остане до крајот на сезонава. Мората останува 100%, крај на приказната“, изјави Алегри.