Манчестер Јунајтед го прави Пол Погба најплатен играч во Премиер лигата
Како пренесува англискиот весник „Сан“, екипата на Манчестер Јунајтед му нуди нов договор на Пол Погба, со што Французинот би станал најплатен играч во Премиер лигата.
Според најновата понуда, Погба би заработувал неверојатни 500 илјади фунти неделно. 400 илјади како основна плата, плус 100 илјади во форма на бонуси.
На овој начин челниците на „црвените ѓаволи“ ќе пробаат да го одвратат Погба од идејата овој месец да потпише пред договор со друг клуб, но сеуште нема одговор како од играчот така и од неговиот менаџер Мино Рајола.
Од Манчестер Јунајтед ја отфрлија можноста да го продадат францускиот репрезентативец оваа зима, што значи дека тој би можел да замине како слободен играч на лето доколку не го потпише новиот договор.
Интерес за доведување на Погба во своите редови имаат Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Јувентус.