Њукасл го враќа Марио Балотели во Премиер лигата?

Претседателот на турскиот клуб Адана Демирспор објави дека екипата на Њукасл е заинтересирана за напаѓачот Марио Балотели.

„Њукасл размислува да потпише со Балотели, но засега нема официјална понуда. Во неговиот договор има откупна клаузула. Но, не можам да ја откријам нејзината големина“, изјави претседателот Санчак.

Поранешниот фудбалер на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул ја продолжи кариерата во Турција и како слободен играч заигра за Адана Демиспор. 31-годишниот Балотели игра во одлична форма за својот нов клуб за кој оваа сезона постгна 8 гола.

Овој месец Њукасл ги донесе Трипие од Атлетико Мадрид и Крис Вуд од Барнли, но не се исклучуваат и нови засилувања во клубот кој сака да се избори за опстанок во Премиер лигата.