Левандовски: Среќен сум за наградата, но жалам што Герд Милер не е меѓу нас
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби битката со Аргентинецот Лионел Меси и Египјанецот Мохамед Салах, во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер во 2021 година.
„Горд сум и среќен. Сакам да им се заблагодарам на сите. Не се осмелив да сонувам дека ќе го подобрам рекордот во Бундеслигата за постигнати голови. Да ми кажеше некој пред години, немаше да верувам. Штета што Герд Милер не е меѓу нас. Не можев без него. Мислам дека имам доволно време да поставам повеќе рекорди“, изјави Левандовски.