Лорис ги разби шпекулациите и потпиша нов договор со Тотенхем
Тоа што се најавуваше од страна на фудбалскиот состав, Тотенхем, во текот на денов доби и реализација. Голманот, Хуго Лорис, ја продолжи соработката до 2024 година.
Тој досега има одиграно 395 натпревари за лондонскиот тим. -Сакаме да искажеме задоволство што Лорис потпиша договор со нашиот клуб“, објавија „Спарси“ на социјалните мрежи.
Треба да се напомене дека Французинот е првиот голман во историјата на Тотенхем што не примил гол на 100 меча.