Виктор Линделоф загрижен за безбедноста, по упадот во неговиот дом

Виктор Линделоф ќе го пропушти натпреварот на Манчестер Јунајтед со Вест Хем по упадот на крадци во неговиот дом.

Инцидентот се случил во време на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд во средата навечер. Неговото семејство било во домот за време на грабежот и за среќа останале неповредени,но биле принудени да се кријат од крадците и останале потресени од тоа што се случило.

„Потврдуваме дека имало кражба во домот на Виктор Линделоф во време на гостувањето против Брентфорд. Неговото семејство, кое во тоа време било дома, останало неповредено, но било шокирано. Тоа беше стресно искуство за нив, а и за Виктор, кога дозна што се случи по натпреварот. Клубот им дава целосна поддршка. Ги охрабруваме сите што имаат информации за злосторството да се обратат во полиција“, се вели во соопштението на „Црвените ѓаволи“.