Конте го сака Мароканецот Амрабат од Фиорентина
Тотенхем е подготвен да достави официјална понуда за мароканскиот репрезентативец од екипата на Фиорентина Софијан Амрабат. Разговорите меѓу двата клуба се водат цела недела.
Спарс се подготвени да го ангажираат 25-годишниот фудбалер со опција за купување од 16 милиони евра.
Се зборува дека менаџерот на клубот Антонио Конте е голем фан на Амрабат и сака да го има во својот тим. Фудбалерот од средниот ред моментално е со репрезентацијата на Мароко на Африканскиот куп на нации.