Белоти го одби Њукасл и посакува трансфер во Милан

Ѕвездата на Торино, Андреа Белоти ја одби понудата да се приклучи на англискиот Њукасл. Тој имаше понуда и од Ал Хилал од Саудиска Арабија, но иако двата клуба понудија висока плата од околу 7-8 милиони евра годишно, тоа не го привлече напаѓачот да ја напушти Италија.

Желбата на Белоти е кариерата да ја продолжи во Милан. Росонерите се заинтересирани за него, но засега немаат испратено официјална понуда. Сепак, се чини дека напаѓачот е подготвен да почека до крајот на преодниот рок.

Договорот на 28-годишниот напаѓач истекува на крајот од сезоната и многу клубови внимателно ја следат ситуацијата околу него. Една од опциите е тој да го напушти Торино  како слободен играч на лето, а реални се шансите да биде продаден во последните денови од зимскиот преоден рок за да може клубот да оствари финансиска добивка од таков трансфер.