Ериксен се врати во Премиер лигата
Кристијан Ериксен и официјално се врати во Премиер лигата и потпиша шестмесечен договор со екипата на Брентфорд.
Данскиот репрезентативец последниов период тренираше со екипата на Ајакс со цел да влезе во посакуваната форма пред неговиот нов ангажман. Тој претходно неколку сезони доста успешно го носеше дресот на Тотенхем по што ја промени средината и заигра во Италија за екипата на Интер.
29-годишниот фудбалер успешно ги помина сите медицински тестови после неговиот здравствен проблем од Европското првенство.
Во договорот на Ериксен со Брентфорд има и опција за продолжување за уште една сезона.