Никола Јокиќ играч на месецот во Западната конференција

Потполно заслужено, како награда за доминацијата на терените во НБА лигата во јануари, Никола Јокиќ е прогласен за најдобар играч на месецот во Западната конференција.

Српскиот центар од Денвер Нагетс кој е актуелен МВП играч во НБА лигата, по трет пат во кариерата е именован за играч на месецот. Во првиот месец од 2022 година Јокиќ забележа седум трипл-дабл, и оствари просек од 26,6 поени, 13,3 скока и 9 асистенции.