Реал во дилема: Дали Асенсио да добие нов договор?

Иднината на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио останува неизвесна. Реал Мадрид уште не одлучил дали сака да му понуди нов договор на Шпанецот. Неговиот актуелен договор истекува во летото 2023 година.

Раководството на „кралскиот клуб“ на почетокот на сезоната размислуваше да го продаде, но Асенсио се враќа во форма и сега ситуацијата ги стави првите луѓе на клубот во размислување.

Засега се уште нема конечна одлука. 26-годишниот крилен напаѓач оваа сезона забележа 25 настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања и постигна осум гола.