Лион го отстрани Боатенг од првиот тим

Лион одлучи да отстрани од првиот тим Жером Боатенг, пренесуваат француските медиуми.

Дефанзивецот не се наоѓа во конкуренција за натпреварот со Ница поради своето однесување. Минатото лето Боатенг пристигна во Лион после десетгодишната авантура во Баерн. Очекувањата од него беа големи, но започнаа проблеми поради неговото однесување.

Пред две ипол недели на еден од тренинзите влезе во расправија со Бруно Гимараеш, а соиграчите мораа да ги раздвојуваат да не дојде до физичка пресметка. Гимараеш во зимскиот преоден рок направи трансфер во Њукасл.