Интер ги продолжи договорите со сите членови на менаџерскиот тим
Тимот на Интер и официјално ги продолжи договирте на своите тројца водечки директори, Џузепе Марота, Пјеро Аусилио и Дарио Бачин.
Клубот официјално соопшти дека новите договори на сите тројца ќе бидат со важност до 2025 година. Марота во Интер пристигна после заминувањето од Јувентус и е извршен директор, Аусилио е главен спортски директор, додека Бачин е негов заменик.
За многумина најважен е Марота кој направи одлични потези од пристигнувањето во клубот во 2018 година, декември. Токму тој беше најзаслужниот за доведувањето на Конте кој во минатата сезона им го донесе скудетото на „нероаѕурите“, но Италијанецот си замина после несогласувањата со сопствениците.
Иако Конте си замина, Интер и понатаму игра одлично сега под водство на Симоне Инзаги.