Алиоски донесе реми за Ал Ахли во „македонското“ дерби
Македонскиот репрезентативец го постигна петиот гол сезонава во дресот на клубот од Саудиска Арабија, а со својот гол донесе реми за својот тим.
Ал Ахли и Ал Феиха ремизираа со 1-1 во рамките на 21 коло од најсилната фудбалска дивизија во Саудиска Арабија, а во обата тима имаше по еден наш интернационалец, од кои едниот не доби прилика за настап, па мечот го проследи од клупата за резерви.
Езгјан Алиоски ги одигра сите 90 минути во таборот на домаќините, а во финишот од средбата успеа да реализира од белата точка и да донесе израмнување на мечот, односно избегнување на пораз на неговиот тим.
Во гостинскиот табор се најде Александар Трајковски, но тој не доби прилика за настап.