Конте сака „пакет“ од Серија А
Раководството на Тотенхем работи на два големи трансфери за две ѕвезди од Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.
Станува збор за играчот на Милан, Франк Кеси и напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала кои на лето ќе бидат слободни агенти.
Договорите на Дибала и Кеси истекуваат на крајот на сезоната и за нив постои интерес од многу европски гиганти, но Тотенхем сака да ја победи конкуренцијата.
Главна улога во овие трансфери секако ќе има Антонио Конте, кој силно ги посакува двајцата фудбалери и ќе ги убеди да го изверат Тотенхем.