Милан обезбеди 100 милиони евра за летни трансфери
Екипата на Милан е моментален лидер на табелата во Серија А, и според „Газета дело спорт“, клубот за засилувања во летниот трансфер период на располагање ќе има 100 милиони евра.
Американските сопственици на италијанскиот фудбалски гигант се решени Милан да го направат уште поконкурентен во следната сезона.
Како главни трансфер цели на „росонерите“ во летниот период се обезбедување на засилувања за одбраната и средниот ред. Како можни нови играчи се споменуваат дефанзивецот од Холандија, Свен Ботман и Португалецот Ренато Санчез, кои се соиграчи во тимот на Лил. Што се однесува до нападот, можно е доведување на 19-годишниот Французин Хуго Екитике од Ремс.