„Кралевите“ се интересираат за Кефран Турам
Реал Мадрид покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат шпанските медиуми.
„Кралскиот“ клуб во 20-годишниот Французин гледа идеална алтернатива за Каземиро во средниот ред.
Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркос Турам.
Кефрен оваа сезона игра фантастично во дресот на Ница, запиша 27 настапи на кои постигна 3 гола и 2 асистенции.
Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во француското првенство, а Реал сака на лето да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.