Француската легенда Алан Жирес нов селектор на Косово
Поранешниот француски фудбалер, Алан Жирес, ќе ја води селекцијата на Косово. Тој пред да влезе во тренерските води беше активен само во Бордо и Олимпик Марсеј од 1970 до 1988 година.
Жирес кој одигра преку 600 меча и постигна преку 160 голови, беше дел и од златната француска генерација која во 1984 година стигна до златото на Европското првенство.
Од 2004 година работи само како селектор. Досега ги водеше селекциите на: Грузија , Габон, Мали, Сенегал и Тунис.