Кристијан Ериксен се враќа на терените по осум месеци
Тренерот на Брентфорд, Томас Франк, потврди дека фудбалерот од средниот ред Кристијан Ериксен ќе дебитира во 27. коло од англиската Премиер лига со Њукасл.
30-годишниот Данец беше претставен како играч на Брентфорд на крајот на јануари откако потпиша договор со тимот до крајот на сезоната. Тој меч ќе биде прв официјален за Ериксен од јуни 2021 година кога на мечот со Финска на ЕП доживеа срцев удар.
Ериксен има вграден дефибрилатор, кој не смее да се користи во Италија по што мораше да го раскине договорот со Интер.