Верстапен го продолжи договорот со Ред Бул до 2028 година

Формула 1 тимот на Ред Бул и Макс Верстапен ја потврдија новата соработка до 2028 година. Тоа значи дека Холанѓанецот уште долго време ќе го вози болидот на австриската екипа во Формула 1 шампионатот.

Најголемиот успех на Ред Бул и верстапен беше она што се случуваше минатата сезона, кога холандскиот пилот ја доби битката со Луис Хамилтон и ја освои шампионската титула.

„Навистина уживам што сум дел од Ред Бул, па изборот да останам до 2028 година беше лесна одлука. Го сакам овој тим и минатата година беше едноставно неверојатна. Нашата цел откако се здруживме во 2016 година беше да го освоиме шампионатот и го направивме тоа, па сега е да го задржиме број еден на болидот долгорочно“ , истакна Верстапен.