Клоп би го продолжил договорот со Ливерпул доколку има енергија за тоа
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека би можел да остане на кормилото на клубот по завршувањето на неговиот актуелен договор во 2024 година, под услов да има енергија за тоа.
Претходно Германецот рече дека не знае дали ќе го продолжи договорот со клубот од Енфилд.
Го сакам тоа што го работам, но неколку пати кажав дека одлуката дали ќе останам во клубот ќе зависи од моето ниво на енергија и можно е таа одлука да ја донесам во последен момент“, изјави 54-годишниот тренер.
Јирген Клоп му се приклучи на Ливерпул во 2015 година, и им помогна на „црвените“ да ја освојат Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФИФА Клупското првенство како и Лига купот минатиот викенд.