Бернардо Силва размислува да го напушти Манчестер Сити
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва најави дека на крајот од сезоната ќе се сретне со раководството на англискиот клуб.
„На крајот на сезоната ќе се сретнам со раководството на Манчестер Сити и ќе одлучам што е најдобро за двете страни. Сега на средината на сезоната сакаме да освојуваме трофеи. Не е време да зборувам за мојата иднина“, изјави Бернардо Силва.
27-годишниот Силва на 25 натпревари во Премиер лигата оваа сезона постигна седум гола и една асистенција. На шест натпревари од Лигата на шампионите има и два гола и две асистенции.