Тухел: Ќе играме и ќе се бориме се додека имаме дресови и автобус за патување
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, ја коментираше тешката ситуација во која се најде клубот по санкциите кои му беа изречени на сопственикот Роман Абрамович.
„Сините“ победија со 3:1 на гостувањето кај Норвич во натпревар од Премиер лигата. По средбата, германскиот стручњак го кажа својот став околу најновите случувања во клубот.
„Се додека имаме доволно дресови и автобус за да патуваме на натпреварите, ќе играме и ќе се бориме. Размислуваме од ден на ден. Вчера не мислев дека тоа може да се случи и не знам што може да дојде утре.Мислам дека не сум загрижен на кој било начин, но свесен сум што се случува. Ситуацијата се менува секој ден. Сепак, можам да кажам дека сеуште сум среќен што сум тука и сум тренер на силен тим“, изјави Тухел.