Манчини: Посакувам да одиме во Катар и да станеме светски шампиони
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, е прилично самоуверен пред баражот за пласман на СП во Катар.
Италија кој е актуелен европски шампион, полуфиналниот бараж го игра против селекцијата на Македонија во четврток. Подобриот од овој дуел, за пласман во Катар ќе игра против победникот од натпреварот Португалија и Турција.
„Потребно е сериозно да пристапиме на натпреварот со Македонија. Нема да биде лесно но мислиме позитивно и се надеваме дека ќе победиме во двата натпревари. Не сме случајно европски шампиони и имаме голема самодоверба. Наша крајна цел е пласман на СП во Катар и освојување на шампионскиот трофеј“, истакнува Манчини.