„Кралевите“ загреани за Медисон од Лестер Сити
Реал Мадрид е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Лестер Сити Џејмс Медисон. Раководството на „Кралскиот клуб“ го смета Англичанецот за наследник на Лука Модриќ, бидејќи Хрватот веќе има 36 години. Актуелниот договор на Медисон со Лестер завршува во 2024 година.
Очекуваната сума на трансферот на играчот би можела да биде околу 80 милиони евра.Минатата година Лестер Сити веќе добија неколку понуди за играчот од средниот ред. Самиот играч беше заинтересиран да се пресели во Арсенал, но финансиските барања на Лестер станаа проблем.
Медисон е во редовите на Лестер од 2018 година. Фудбалерот од средниот ред оваа сезона одигра 26 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи осум гола и три асистенции.