Чави посакува средба со Килијан Мбапе

Францускиот весник „Л`Екип“, открива дека Барселона ќе направи обид да го убеди Килијан Мбапе да се пресели на Камп Ноу.

Најголемиот ривал на Барса, Реал Мадрид важи за фаворит во трката за потписот со голгетерот на ПСЖ. Според најновите информации челниците на каталонскиот клуб сакаат да ги засилат активностите за можен ангажман на Французинот, и најавија средба меѓу Мбапе и тренерот Чави Ернандез со цел да му се претстави новиот клупски проект.

Барса неодамна договори заем од 595 милиони евра и обезбеди 70 милиони евра годишно од рекламен договор со Spotify, па може да обезбеди доволно средства за платата на Мбапе.