Милевски: Ни следи уште многу работи, уште ништо не сме направиле
Боби Милевски е нормален. Секој ден е добро да се биде Боби Милевски. Притисок ко притисок секогаш ќе постои, но мислата е тука и присутна, изјави селекторот Боби Милевски по пристигнувањето на скопскиот аеродром, одговарајќи на новинарски прашања.
Според него, фер и коректно е да се надевате на победа против секој.
„Ова е мотив плус и да продолжиме на вистинскиот пат. Не направивме ништо специјално, не чека уште работа. Клучни се сите 11 играчи и плус тие 4 што влегоа. Секоја чест на сите. Искрено не обрнувам многу внимание на нивните изјави“, вели Милевски за големата победа над Италија.
Тој потенцира дека добро е за тимот што се враќаат Тихо Костадинов и Елиф Елмас.
„Тие се дел од тимот и позитивно е за нас што ќе бидат со нас против Португалија. Момците се тие кои се главни на терен. Созреани се и уживам во секој момент со нив. Да не бидеме арогантни, ние сме мала држава и мала репрезетанција. Имаме цели да се приближиме и сме на вистинскиот пат“, додаде селекторот Милевски.