Дињ: Бенитез не беше вистинскиот избор за Евертон

Поранешниот  фудбалер на Евертон, Лука Дињ, кој ги брани боите на Астон Вила, зборуваше за влошените односи со Рафаел Бенитез кога работеа заедно на Гудисон Парк.

Французинот влезе во конфликт со специјалистот по што беше отстранет од тимот и мораше да направи трансфер. Само три дена подоцна и Бенитез доби отказ.

„Немавме многу добри односи. Беше тешко кога бев отстранет од тимот . Невиден настан во мојата кариера. Последователно, мислам дека бев во право затоа што беше отпуштен поради лошите резултати“, изјави Дињ.