Артим Шаќири е нов тренер на Шкендија, а потоа станува спортски директор

Шкендија и официјално го врати Артим Шаќири во клубот. Од клубот соопштуваат дека тој по завршувањето на сезоната ќе биде спортски директор, а дотогаш ќе биде тренер на екипата.

„По повод раскинувањето на договорот со сега веќе поранешниот тренер Акраповиќ, од ФК Шкендија соопштуваат дека до именувањето на нов шеф на стручниот штаб, во својство на в.д. тренер е назначен Артим Шаќири. За помошник е назначен Бурхан Емурлаху, додека во стручниот штаб остануваат Метин Далип и Куштрим Абдулахи“, соопшуваат од Шкендија.

Шаќири во минатото беше играч на Шкендија, а една сезона беше и тренер на тимот.