Клоп не штедеше пофалби кон Дијаз после победата над Бенфика
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали крилниот напаѓач Луис Дијаз, кој беше најдобар играч во победата над Бенфика со 3-1, во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Стрелци на головите за Ливерпул освен Дијаз, беа Конате и Мане.
Ливерпул во реваншот на „Енфилд“ носи солидно водство и сигурно е голем фаворит за пласман во полуфиналето од ЛШ.
Говорејќи за 25-годишниот Колумбиец Клоп истакна: „Тој е врвен фудбалер. Врвен играч на највисоко ниво. Задоволство ми е да работам со Луис секој ден и сум повеќе од среќен што решивме да го ангажираме во јануари“, изјави Германецот.
Ливерпул сега го насочува вниманието кон дербито со Манчестер Сити.