Баерн ја краде големата желба на Барса
Баерн Минхен се вклучи во трката за потписот на играчот на Ајакс, Нусер Мазрауи, пренесува „Билд“.
Овој 24 годишен десен бек оваа сезона блеска во дресот на Ајакс па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а Барселона сака да го донесе без обештетување на „Камп Ноу“ и преговата со неговиот агент. Меѓутоа, понудата на Баварците е многу подобра од таа на Барселона, па Мароканецот во моментов е поблиску до преселба во Минхен.
Баерн му понудил договор до 2026 година, со опција за уште една сезона и многу подобри финансиски услови.