Дресот на Марадона во кој го постигна голот со „божјата рака“ ќе се продава за 4 милиони фунти
Познатата аукциска куќа „Сотбис“ соопштува дека дресот кој Диего Армандо Марадона го носеше на натпреварот против репрезентацијата на Англија на Светското првенство во 1986 година, ќе биде ставен на продажба.
Марадона во тој дрес ја предводеше Аргентина до победа од 2:1, постигнувајќи два легендарни гола. Првиот гол го постигна со помош на „божјата рака“, кога топката со тупаница ја смести во мрежата на голманот Шилтон. Додека вториот гол е прогласен за „гол на векот“, кога почнувајќи од центарот на теренот успеа да го издрибла скоро целиот тим на англичаните.
Од аукциската куќа исвестуваат дека дресот ќе биде понуден на продажба на 20.април, и за него се очекува да биде достигната сума од над 4 милиони фунти.