Јасикевичиус: Чекав за леб кога мојата земја се оддели од СССР
Литванецот Шарунас Јасикевичиус, се потсети на тешкотиите што ги доживеал во првите години по независноста на неговата земја, кога тој и неговите родители биле во „редови за леб, ориз и тоалетна хартија“.
Легендарниот кошаркар е еден од најгласните критичари на руската инвазија на Украина.
„На почетокот беше многу тешко бидејќи кога станавте независна држава, тие (СССР) ви го прекинаа пристапот до сè што дотогаш беше многу лесно: храна, пијалок, бензин“, објасни Јасикевичиус.
Литванецот имал 14 години кога Литванија го добила статусот на независна држава во 1990 година и се сеќава дека пристапот до основните производи „бил доста ограничен“.