Агуеро добива статуа во Манчестер
Манчестер Сити ќе му оддаде посебна почит на својот најдобар стрелец на сите времиња Серхио Агуеро. Популарните „граѓани“ ќе ја откријат неговата статуа на стадионот „Етихад“ за да ја одбележат 10-годишнината од неговиот гол, со кој заврши 44-годишното чекање на титулата во Премиер лигата.
На тој натпревар Сити преку пресврт го победи Квинс Парк Ренџерс со 3-2 во последното коло од сезоната 2011-12, а Агуеро беше стрелец на голот за победа.
Агуеро за десет години во Манчестер Сити постигна 260 гола на 390 натпревари, освои пет титули во Премиер лигата, еден ФА Куп и шест Лига купови. Статуата на Агуеро ќе биде откриена на 13 мај.