Манчестер Јунајтед веќе работи на првиот летен трансфер
Според медиумите од Островот, Манчестер Јунајтед почна да работи на трансфер на Калвин Филипс од Лидс.
Приоритет на „црвените ѓаволи“ за летниот период е ангажман на дефанзивен играч за врска, па за таа цел клубот ќе проба да го доведе Калвин Филипс од Лидс Јунајтед.
Јунајтед е заинтересиран и за Деклан Рајс од Вест Хем, но поради неговата висока цена од 150 милиони фунти, пореална опција како засилување се посочува играчот на Лидс. Неговиот договор со актуелнот клуб важи до 2024 година.