Тами Абрахам на исто рамниште со големиот Тоти
Голот кој го постигна Тами Абрахам во четвртфиналниот натпревар од Конференциската лига против Бодо-Глимт го смести играчот на престижно место во Рома. Натпреварот се одигра на Олимпико во Рим, а заврши со победа на домаќинот со 4:0.
Имено, 24-годишниот напаѓач стана само третиот играч на Рома во овој век кој постигнал најмалку 24 гола во една сезона. Ова досега го имаат направено само Франческо Тоти и Един Џеко, и тоа во два наврати.