Италијанците се откажаа од идејата да играат натпревари во САД
Пропаднале плановите на италијанските фудбалски клубови да организираат мечеви во САД за време на Светското првенство во Катар кон крајот на годинава, пренесоа денес светските агенции.
Италија сакаше да ја искористи долгата пауза поради Мундијалот и да биде домаќин на посебен турнир во Орландо на кој ќе учествуваат сите 20 клубови користејќи само фудбалери кои немаат репрезентативни обврски.
Сега последните информации велат дека таа идеја најверојатно нема да се реализира.