САД, Мексико и Канада ги дефинираат стадионите за Мундијалот во 2026 година
Стадионот БЦ Плејс во Ванкувер ќе биде меѓу кандидатите за домаќин мечевите на Светското првенство во 2026 година кое заеднички ќе го организираат Канада, САД и Мексико.
Покрај во Ванкувер, мечеви ќе бидат одиграни и во Едмонтон, Алберта и Торонто. Во Соединетите Американски Држави, Лос Анџелес аплицира со два објекта – ултрамодерен стадион во Инглвуд кој чинеше 5 милијарди долари и класичниот Роуз Бол во Пасадена на кој се играше финалето на Светското првенство во 1994 година.
Во Мексико домаќини на Мундијалот во 2006 година ќе бидат: Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј. Светското првенство ќе биде првото на кое ќе учествуваат 48 селекции и првото што ќе се одржи во три земји.